Мајк Тајсон се враќа во рингот во спектакуларен меч

10

Мајк Тајсон повторно ќе го видиме во рингот. Оваа вест ја потврдија извори кои се блиску до легендарниот боксер, кој за противник ќе го има Рој Џонс Јуниор.

Сите детали од договорот помеѓи двете страни се договорени. Официјалната објава на борбата би можела да се случи веќе оваа седмица, а борбата е закажана за септември.

Тоа ќе биде борба во осум рунди, ќе се одржи во САД и нема дилема дека ќе привлече огромно внимание.

Рој Џонс е некогашен шампион во четири различни категории. Има 51 година, а интересно е тоа што се пензионираше дури пред две години со разлика 66-9.

Интересно е тоа што Џонс во 2003 година како ВБА првак во светот одби 40 милиони долари за борба токму против Тајсон, бидејќи сметал дека се прамалку пари.

Сепак, 17 години подоцна борбата би можела да се случи и сигурно е дека Џонс финансиски добро ќе помине, бидејќи нема дилеми дека многумина нема да жалат пари, само повторно да го гледаат на дело легендарниот Мајк Тајсон.