Двоцифрен број на голови и опстанок е желбата на Пандев!

30

Македонскиот репрезентативец досега има девет голови во Серија А и сезонава ќе се обиде со својата Џенова да остане во елитата.

Горан Пандев кој блеска и на 36 години, стрелаше во првенството по еднаш против Спал, Милан, Каљари, Рома, Сасуоло, Лече, Бреша и двапати против Удинезе.

На четири кола до крајот на сезоната Џенова е засега во безбедната зона на 17 место со 33 бодови, четири повеќе од Лече кој е во опасната зона за испаѓање.

Вечерва во рамките од 35 коло од 21.45 часот на гостински терен играчите на тренерот Давиде Никола гостуваат кај Сампдорија во градското дерби.

– Постигнав девет голови, но искрено тие не се важни за мене. Двоцифрен број на погодоци и опстанок би бил сон. Имам 36 години (на 27 јули ќе наполни 37), ја имам зрелоста. Имаме уште четири натпревари, првиот е дербито со Сампдорија. Подготвени сме – рече Пандев.