Мбапе им „скрши кичма“ на двајца, ама потоа го запозна – пантерот Де Хеа (ВИДЕО)

19

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, синоќа, остварија голема победа на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите и тоа нагостински терен против големиот фаворит ПСЖ (2-1), за што еден од најзаслужните беше голманот Давид Де Хеа.

Шпанецот можеби прими гол, но имаше неколку одлични интервенции, меѓу кои убедливо најатрактивна беше по ударот на Мбапе на стартот од второто полувреме. Францускиот репрезентативец буквално им ја „скрши кичмата“ на Мектоминај и Ван Бисака, одлично шутираше, но на крајот се запозна со Де Хеа, кој со пантерска реакција успеа да ја спаси сопствената мрежа.