МВР: Внатрешна контрола работи на расчистување на случајот со земање мито на „Блаце“

12

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.

По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста.