Медиуми: Чави би можел да остане на клупата на Барселона

3

Тренерот на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Чави Ернандез, е подготвен да остане на клупата на каталонскиот клуб до 2025 година, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“.

Според изворот, Чави во блиска иднина ќе има средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко за да разговараат за можното продолжување на соработката.

Чави во на јануари објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона.

Неговиот актуелен договор со клубот има важност до лето 2025. Самиот Чави во неколку наврати истакна дека ја донел единствената правилна одлука и нема да ја промени.

Барселона вчера загуби од Реал Мадрид во Ел Класико со 2-3 и драстично ги намали шансите за одбрана на шпанската титула, заостанувајќи 11 бодови зад Кралскиот клуб на шест кола до крајот на сезоната.