Мексиканецот Очоа нов голман на Салернитана

7

 

Голманот на мексиканската фудбалска репрезентација, 37-годишниот Гиљермо Очоа, до крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на Салернитана објави денеска италијанскиот прволигаш.

Очоа се пресели во Салернитана од редовите на мексиканскиот прволигаш Клуб Америка без обесштетување.

„Играчот потпиша договор до 30 јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката, а ќе го носи бројот 13. На дресот“, објави Салернитана, која во моментов е на 12. место во Серија А.

Очоа, кој доаѓа на местото на повредениот Луиџи Сепе, се очекува да дебитира на 4 јануари идната година против Милан на домашен терен.