Скопје петти најзагаден град во светот

3

 

Скопје повторно се најде  во „лошо“ друштво, на петото место на листата на најзагадени градови во светот. Со индекс на загаденост од 185 Скопје е веднаш по Мумбаи, Делхи, Уланбатар и Лахор, кој е на прво место.

Според првиот човек на Државниот инспекторат за животна средина загадувањето дополнително ќе се зголеми доколку топланите не греат на гас, туку користат мазут и дизел.

Во нивните дозволи е наведено во случај да нема гас на пазарот тие можат да работат десет дена на мазут.

Над 20% од смртните случаи се токму последица на загадениот воздух и овој „тивок“ убиец е присутен дури и во градовите во кои порано воздухот бил чист како што се Берово, Гевгелија и Охрид, што се должи на начинот на кој се загреваат домовите. Граѓаните треба  да ги користат прочистувачите на воздух доколку ги имаат и да носат маски на отворено N95 кои штитат и од загадениот воздух и од вирусите посебно во периодот меѓу 17 и 19 часот.