Меркел до Рама: Имате поддршка од Германија и ЕУ во овие тешки моменти

4

По трагичниот земјотрес кој ја погоди Албанија каде загинаа 51 лице, германската канцеларка Ангела Меркел испрати писмо до албанскиот премиер , Еди Рама. Во писмото Меркел посочува дека тешко ја примила веста за земјотресот во Албанија, изрази сочувство и вели дека жали за настраданите.

-Почитуван премиере, со голема вознемиреност ја примив веста за земјотресот во Албанија, каде што животот го загубија многу луѓе и имаше многу повредени. Сакам да изразам мое жалење и да испратам сочуство до Вас. Нашите мисли се со жртвите и настраданите. Јас знам за болката што вие и вашето семејство ја чувствувате. Изразуваме длабоко жалење за вас и за луѓето во Албанија кои ги загубиле своите најблиски како последица на земјотресот. Се надеваме дека повредените што побрзо ќе оздрават. Германија и Европската Унија ќе ве поддржат во овие тешки моменти,се наведува во писмото на Меркел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, исто така израси сочувство и на својот Твитер профил напиша дека ЕУ е на страната на Албанците и ќе биде тука за помош.

Лејен најави посета на Албанија од страна на комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич кој се очекува да допатува во Албанија во среда за да се информира за ситуацијата во државата.