Меркел: Точно е, Србија побрзо вакцинира

24

Германската канцеларка Ангела Меркел во синоќешното интервју на јавниот сервис АРД што беше посветено на вакцинација против коронавирусот ја спомена Србија како една од земјите во која побрзо се споведува процесот на имунизација на населението, pпренесува политика.рс. На констатација на водителката дека нашиот северен сосед вакцинира побрзо од Германија и дали е проблем ако државите што се надвор од ЕУ се побрзи, канцеларката одговори потврдно, пришто наведе дека Србија користи кинеска вакцина.

– Србија вакцинира побрзо со кинеската вакцина. Ние отсекогаш велевме дека секоја вакцина што ќе добие дозвола од Европската агенција за лекови е добредојдена. За тоа разговарав и со рускиот претседател и денеска слушнав добри вести за руската вакцина. Секоја вакцина е добредојдена во Европската Унија, но ќе бидат прифатени само оние што ќе ги дадат сите потребни податоци во ЕМА, рече Меркел, пренесува агенцијата „Танјуг“.

Таа укажа дека Европската Комисија не сакала да преземе одговорност над процесот на вакцинација, бидејќи политиката во минатото преземала одговорност што било интенција да се избегне во овој случај.

– Се бориме за доверба во вакцините. До крајот на третиот квартал, како што реков и претходно, ќе понудиме вакцина за сите граѓани, нагласи Меркел.