МЗ: Досега се ревакцинирани над 260 илјади граѓани

5

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 500.995 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.098 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.810 граѓани.

Според податоците од Министерството за здравство, во државата вкупно се аплицирани 862.426 дози вакцини, а ревакцинирани се 361.431 граѓани.

Со последните бројки, пак, барем една доза вакцина имаат примено 63% од населението над 70 години, 60% од населението над 65 години, 55% од населението над 60 години и 45% од населението над 50 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите низ државата, а теренска вакцинација се спроведува на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Вакцинација на децата се закажува на сајтот vakcinacija.mk, а ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.