Мила Царовска одржа состанок со 300 директори

3

Министерството за образование и наука информира дека синоќа министерката Мила Царовска одржа координативен онлајн состанок со околу 300 директори на основните и средните училишта за одвивањето на наставата во услови на пандемија со физичко присуство и за функционирањето на онлајн-наставата.

Било разговарано за функционирањето на наставата во услови на пандемија и заедничката поддршка во надминување на сите предизвици. Министерката порачала дека е потребно заеднички да се надминуваат предизвиците со интернет-конекција и ИТ-уреди за што МОН е во постојана комуникација со локалните самоуправи.

„Директорите на координативниот состанок истакнаа дека основните и средните училишта успешно ја спроведуваат онлајн-наставата за повисоките одделенија, а наставата со физичко присуство за децата од прво до трето одделение се спроведува со почитување на протоколите и мерките за заштита“, соопштија од МОН.