Милошоски: Османи бара да не точите нафта на Лукоил а од нив ги наполнил државните резерви

1

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави дека државните резерви се наполниле со нафта за половина милион евра кои надлежните ги купиле од Лукоил.

За министерот Бујар Османи од ДУИ голем проблем е кога граѓаните за 500 денари точат скапа нафта на Лукоил, но кога се големи пари во прашање ДУИ немаат проблем, па затоа нивниот Уљуси Бекири (директор на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви) купува голема количина на нафта од Лукоил, за што пред неколку дена им исплатил 500.000 евра. Каква хипокризија.