Министерот за правда Кренар Лога се сретна со в.д. амбасадорот на Германија Ото Граф

9

Германија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон евроинтегративните процеси, истакна в.д. амбасадорот на Германија Ото Граф на денешната средба со министерот за правда Кренар Лога, известуваат од Министерството за правда.

Двајцата соговорници разговарале за уставните измени, односите со Бугарија, актуелните состојби во правосудството.

-Министерот Лога го информираше Граф дека Преамбулата во Уставот е приоритет и дека се очекува во наредниот период да се формира експертска група која ќе ги подготви измените. Се дискутираше и за идејата за подготовка на нов Изборен законик и формирањето на работната група која се очекува да се комплетира наскоро и да ја утврди методологијата на работа, соопштуваат од министерството.

Германскиот в.д. амбасадор Граф бил информиран за законодавната агенда во Собранието, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, ветингот и електронската распределба на предметите во јавните обвинителства,

-Граф потенцира дека ги поддржува сите напори и иницијативи поврзани со интеграцијата на земјава во ЕУ, истакнуваат од Министерството за правда.