Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Декларација во Собранието за Гоце Делчев

3

Христијан Мицкоски денеска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе поднесе Декларација до Собранието за заштита на ликот и делото на Гоце Делчев. Тој ова го соопшти за време на одбележување на 150 години од раѓањето на Делчев.

„Како во тајност да се држеше овој ден, ниту имаше некој протокол, ниту некој знаеше што ќе се случува. Денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, кој оставил голема трага за нас Македонците и Македонија во неговата борба за независна држава и не задолжил истата да ја чуваме, негуваме, за да генерациите после нас се сеќаваат на неговото дело. Денеска како ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме Декларација до македонското собрание за зацврстување на темелот на ликот и делото на Гоце Делчев. Очекувам сите политички партии, без разлика дали се парламентарни или надвор од него истата да ја поддржат. Денеска е посебен ден, сметаме дека треба да го одбележиме. Ако се слави 150 годишнината на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, јас немам ништо против и Бугарија да го слави. За мене Гоце Делчев е Македонија“, изјави Мицкоски.

За содржината на Декларацијата, Мицкоски рече дека ќе има прес-конференција.