Мицкоски го нарече Кастриот Реџепи-современ Амди Бајрам

5

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дојде во Собранието, но не сакаше да ја коментира ситуацијата што се случува таму, односно тоа дека опозициските партии на чело со ВМРО-ДПМНЕ не обезбедија кворум. Поточно, откако Кастриот Реџепи од Беса не дојде во Собранието и наместо 61 пратеник колку што се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, во салата имаше 60 пратеници односно не беше обезбеден ниту кворум.

Мицкоски на прашањата на новинарите дали има или нема мнозинство рече дека сега доаѓа од часови на Факултетот и дека не знае точно што се случува.

На прашањето дали имаат замена за Кастриот Реџепи, Мицкоски рече:

“За современиот, нека му е лесна земја, Амди Бајрам”.