Мицкоски: Ќе победат проектите и ќе победат промените

1

Mислам дека неправилностите што ги имамве деновиве и злоупотребата на државните институции ќе имаат спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас.

Мицкоски во изјавата најрво упати честитки до граѓаните кои што решиле да го остварат своето право на гласање, оценувајќи дека од терен добивал информации дека волјата и надежта за нова иднина се присутни кај народот во Македонија.

„За жал можеме да забележиме многу неправилности изминативе денови, многу злоупотреба на државни институции од страна на оваа власт која што е во заминување. За мене тоа претставува многу недемократски и насилнички обид да се добие волјата на граѓаните. Но мислам дека сето тоа ќе има спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените. Од едната страна ја имаме власта со институциите и злоупотребата на истите, а од другата страна сме ние заедно со народот“, изјави Мицкоски.