Мијалков и „Алфите“ ослободени од обвинение за случајот „Тортура“ – апсењето на Љубе Бошковски

36

Кривичниот суд во Скопје ги ослободи од обвинение екс директорот на УБК Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната единица „Алфа“ поради немање јасни докази дека обвинетите го сториле делото за коешто се обвинуваат.

Предметот го отвори поранешното СЈО по чие згаснување овој, како и сите други случаи, преминаа во рацете на редовните обвинителства. Обвинетите се гонеа за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување за време на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година.