МНТ ја покажа големината: Бесплатна претстава за медицинските работници кои се борат со болеста

27

Македонскиот народен театар (МНТ) како и сите останати културни институции повеќе од 8 месеци не работеа поради здравствената криза која ја погоди државава и светот, но на 14 октомври ќе ја почне новата сезона и веднаш ја покажа својата хумана страна. Имено тие на својата првата претстава ги поканија медицинските лица бесплатно да ја гледаат претставата, објави СДК.

„Ги каниме хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, Детската болница во Козле, епиде*иолозите и матичните лекари“, најавува МНТ.

На 14 октомври во 20 часот ќе се изведе претставата „Говорна мана“ по текстот на Горан Марковиќ, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а согласно протоколите за работа на културните институции, во салонот ќе може да седат од 160 до 180 лица. Во претставата играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.

„Сите институции се веќе известени и поканети и очекуваме списоци за да имаме увид колку ќе дојдат. Доколку има голем интерес, и втората претстава на 16 септември ќе биде бесплатна за нив“, изјави директорката Симона Угриновска за СДК.