Мурињо во свој стил го провоцира Мадрид по голот на Бејл

16

Синоќа Герет Бејл се покажа како спасител на Тотенхем во дуелот со Брајтон. Велшанецот на својот тим му донесе победа по асистенција на Регилон. „Отпишаните“ на Зидан славеа, па Спарси сега се на втората позиција со само два бода помалку од Ливерпул.

Мурињо ја пофали играта на својот тим, секако и херојот на победата Бејл кој го постигна првиот гол за Тотенхем после седум и пол години и заминувањето во Мадрид. Секако, „Специјалниот“ мораше да го „пецне“ својот поранешен тим.

„Кога ќе имам пет минути ќе ги пребарувам преку Сафари сајтовите во Мадрид, чисто да видам што ќе кажат за Бејл. Беше одличен“, изјави Португалецот по завршувањето на мечот.

Тотенхем сега се насочува кон обврските во Лигата на Европа, четврток е резервиран за гостување кај Лудогорец, а потоа следува и дуел со ВБА пред заминувањето на репрезентативната пауза.