Навивачите на Ленс со овации за Мбапе, другите играчи на ПСЖ беа исвиркани

0

 

Килијан Мбапе доби топло добредојде во Ленс на синоќешниот натпревар од 17.коло во Ла лига.

Навивачите на истоимениот клуб пред мечот со ПСЖ му упатија овации на најдобриот стрелец на Светското првенство во 2022 година и го скандираа неговото име.

За одбележување е тоа што другите играчи на ПСЖ беа исвиркани од навивачите на Ленс.

Да потсетиме дека Мбапе постигна хет-трик во финалето на Светското првенство, но Франција сепак загуби од Аргентина на пенали.