Над 33 илјади денари му требале на едно семејство да го истурка февруари само за основни потреби

19

За да ги подмири барем основните месечни потреби, на едно четиричлено семејство во февруари му требале 33 702 денари.

Ова се пресметките на ССМ за минималната потрошувачка кошничка кои покажуваат дека минималната потрошувачка кошничка е повисока од просечната плата во државата.

Ако се споредат податоцитево декември на просечната исплатена плата, се заклучува дека дури за 5 500 денари е повисока минималната потрошувачка кошничка.

Само за храна и пијалоци на едно 4 члено семејство во февруари му требале над 14 илјади денари. За потребштини за домот требале 10 825 денари додека за превоз сумата изнесува нешто помалку од 2500 денари.

Сојузот на синдикати на Македонија неодамна побара како што расте просечната плата така да расте и минималната кошничка.