Најскапото засилување во историјата на Сити продолжува со пијанствата: Потрошил 93 илјади евра за една вечер! (Фото)

14

Џек Грилиш има склоност кон алкохолот кога се во прашање летните одмор и тоа веќе им е познато на англиските таблоиди од времето кога беше главна ѕвезда во Астон Вила, но англискиот репрезентативец продолжува во исто темпо и во ерата во Манчестер Сити.

Таквото однесување сигурно нема да му донесе позитивни поени како Пеп Гвардиола, бидејќи во период од само две седмици, одново беше уловен „мртов пијан“, овојпат во Лас Вегас.

По освоената титула во Премиер лигата, Грилиш славеше на Ибица со добро друштво и убави девојки, а сега англиските таблоиди добија ексклузивни фотографии од Лас Вегас, но и сметката од сумата која ја платил во ноќниот клуб.

Најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити (100 милиони фунти) го напуштил локалот во 3 часот и 30 минути по полноќ во друштво на убава бринета, но и во видно алкохолизирана состојба после цела ноќ мината со шампањи и разновидни пијалоци.

Како што јавуваат таблоидите од Англија, Грилиш платил 93 илјади евра за ВИП третман во клубот, сума за која добил специјална услуга и 116 шишиња шампањ.