На Балканот се вратиле 1 200 борци на Исламска држава, од кои 403 се од Косово и 156 од Македонија

10

Вкупниот број на таканаречени борци на Исламска држава (ИД) со потекло од Западен Балкан е поголем од 1.200, според процените на безбедносните служби од Босна и Херцеговина (БиХ).

Според документацијата, мнозинството борци на ИД се од Косово – 403, по што следуваат БиХ со 350, Албанија со 180 до 200 и Северна Македонија со 156 борци, објави синоќа Бањалука.нет.

„Што значи враќањето на овие терористи на Балканот, што ќе значи и колку е тоа вистински проблем, ќе се знае многу брзо откако повратниците ќе ја издржат својата симболична казна за учество во борбите од страната на т.н. Исламска држава и Ал Каеда во Сирија и Ирак“, сенаведува во документацијата.

Наводно, проблем за домашното судство е што не постојат конкретни докази дека тие извршиле кривични дела и учествувале во пукање, убиство или декапитација на затвореници, а безбедносните служби предупредуваат дека тие за краток временски период ќе бидат формално и правно слободни граѓани, кои секако нема да се откажат од своите радикални верски и терористички идеологии.

Покрај тоа, во документацијата се вели дека Западен Балкан има и проблем поврзан со економската инфилтрација на Турција и Катар во Албанија, Северна Македонија, Косово и БиХ, што значи инфилтрација која се однесува на идеолошката инфилтрација поврзана со Муслиманското братство, пренесува порталот.