На директорите во Давос не им е важна климата

16

Климатските прашања се една од главните теми на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, но според анкетата спроведена меѓу извршните директори на светските компании климата не им е меѓу првите десет опасности за растотот на економијата. Анкетата покажа дека климатските промени се на 11 место на најголемите закани за перспективата на нивните компании. Пред нив, меѓу другото се: трговските недоразбирања меѓу државите, недостигот на умеење и знаење меѓу работниците и популизмот во политиката.