НБА легенда се посрамоти: Југославија ќе го „нападне“ златото во Токио (ВИДЕО)

23

Пред нас е најголемиот спортски настан во оваа календарска година летните Олимписки Игри во Токио каде еден од спортовите во кои ќе видиме борба е кошарката.

Со оглед на доминацијата, квалитетот прв фаворит за златото дефинитивно се Соединетите Американски Држави без разлика на тоа што доживеаа порази во првите две подготвителни средби за овој турнир од Нигерија и Австралија.

Меѓутоа тој статус ќе мора да го потврдат на теренот, а во тоа не се сомнева човекот со три шампионски прстени Бајрон Скот.

-Поразот од Нигерија е најголем неуспех во историјата на репрезентацијата на САД, но не сум толку загрижен затоа што селекторот Грег Попович и момците само се подготвуваат за Олимписките игри.

-Америка е пред тешка задача, но сепак мислам дека тие се главни фаворити за златото. Ако треба да се обложам, ќе ги вложев своите пари на САД, -истакна легендата на ЛА Лејкерс кој потоа се посрамоти одговарајќи на прашањето кој може да биде најголем конкурент на САД за златото во Токио.

-Тоа е добро прашање. Франција има добар тим. Југославија е секогаш добра. Како Русија. Секогаш постои еден тим што ќе ве изненади. Можеби оваа година може да биде Кина.

Кина и Русија не обезбедија виза за Токио, а Југославија како држава одамна не постои.

Инаку Скот веќе неколку години е без НБА ангажман и тоа откако ја заврши приказната со Лејкерс во 2016 година.

Тој како тренер има работено уште во Сакраменто, Њу Џерси Нетс (денешен Бруклин), Њу Орлеанс Хорнетс и Кливлен Кавалирс.

Како играч пак освен во НБА имаше можност една сезона да игра во Европа и тоа на овие простори во соедна Грција каде беше дел од Панатиникос.