Нема закон што ја спречува „кражбата“ на извршителите

62

И после една година откако се на сила законските измени што го регулираат проблемот, како намалувањето на многу трошоци, намалување на компензацијата за извршителите и бришењето на каматата за старите предмети, извршителите продолжуваат по старо. Тие за 2,5 денари ги блокираат сметките и бараат долг од илјадници денари!

Фисник ПАШОЛЛИ

Граѓаните се уште имаат проблеми со насилно наплатување на долговите и каматите од страна на извршителите. И после една година од стапувањето во сила на законските измени и што го регулираат ова прашање, како намалување на многу трошоци и намалување на компензациите за извршителите и бришење на каматата за старите предмети, сепак, поплаките на должниците не стивнуваат и дека нема на крај нивните проблеми. Во сабота во Скопје, група граѓани и активисти протестираа против работата на извршителите. Тие се жалат дека извршителите работат исто како порано, каде за долгови од 2.5 денари се бараат наплата на илјадници и илјадници денари.

Дури, најновите податоци покажуваат дека во државава се блокирани над 80 илјади сметки на граѓаните. Од невладините организации велат дека новиот закон ги решава само проблемите со старите долгови, но останува нерешен проблемот со каматите што треба да се откажуваат ретроактивно и за долговите од 2011 година и наваму.

„Државата има можност да ги избрише сите камати на претпријатијата што се на општествена сопственост, со цел да подоцна се утврдува само основниот долг. Тоа не е тешко да се направи и ќе ги решава илјадници и илјадници апсурдни случаи на екстремно големи суми за екстремно мали долгови“, вели Марјан Ристевски од организацијата “Стоп за извршителите “. Од оваа организација бараат и замрзнување на сите решенија за физички лица или за граѓаните, како и целосно нов Закон за извршителство. Се бара и ревизија на целиот процес на наплата на извршувањето од страна на адвокатите, судиите, нотарите, извршителите и должниците, враќањето на извршителите во судовите, корекција на ценовникот, реализација со една петтина, а не со една третина од платата или пензијата.

“Бараме да се избришат сите стари долгови, кои во голема мерка се активирани бидејќи со години се чувани во фиоките на судовите и не е постапувано по тие предмети. Бараме и извршителите да не бидат повеќе приватни, туку овие проблеми, во иднина, да бидат решени во судовите. Тука треба да се следат и примерите на Западот, каде што овие прашања се решаваат со работата на судовите за нивните плати, додека парите што ќе се соберат, да се слеваат во државната каса“, додава Ристевски.

Од друга страна, на крајот на октомври годинава, беше понудено законско решение што се очекува да ги помине собраниските филтри и да се гласа во Собранието за бришење на каматата за исплата на старите долгови за комуналните услуги. Се очекува дека откако ќе се реши проблемот со ЕВН и владата да го имплементира Законот за извршување, помагајќи им на повеќе од 300.000 семејства кои должат повеќе од 110 милиони евра од 2005 година и наваму.

ХРВАТСКА ГО МЕНУВА ЗАКОНОТ ПО 23-ти ПАТ

Во меѓувреме, во Хрватска, од 1 јануари 2020 година, постапката за извршување ќе се враќа само во надлежностите на судовите. Според новите правилници, нотарите ќе бидат само помошници во постапката, додека постапката, во главно, ќе се води со користењето на дигитална комуникација, што ќе го поедностави и ќе заштеди време. Од извршувањето ќе се исклучува регресот, 13-та плата, дневните дневници и социјалната помош.

Истовремено, со новиот Закон за извршување се предвидува и директни плаќања од страна на Финансиската агенција врз основа на судските одлуки за долговите што компаниите ги имаат кон вработените за платите. Со тоа, Хрватска се надева дека ќе го зголеми нивото на заштита на достоинството на должниците со претходното предупредување, каде за поголема сигурност на доставувањето на известувањето преку пошта, после два неуспешни обида за достава, известувањата одат во таблата за информации, како и со задолжително доставување на известувањето преку поштенско сандаче или во поштенско сандаче преку електронскиот систем на граѓаните. Со други зборови, известувањето се доставува и физички, но и преку електронска пошта.

Инаку, Хрватска, која го изменила повеќе од 23 пати Законот за извршување, кај последните измени ги следел и одлуките на Европските судови, според кои нотарите не се признаваат како тело на законодавството и затоа не можат да донесат такви одлуки.