Ненси Пелоси со тесно мнозинство до нов мандат на чело на Претставничкиот дом на САД

31

Ненси Пелоси е ризбрана за претседателка на Претставничкиот дом, во неделата, со тесно мнозинство, кога новиот Конгрес на САД стапи на функцијата, во време на политичка неизвесност, кога сè уште не е познато која партија ќе има контрола во Сенатот, а републиканците најавуваат битка околу потврдата на резултатите од претседателските избори.

Членовите на Претставничкиот дом гласаа со 216 наспроти 209 гласа за Пелоси откако демократите изгубија 11 места на изборите во ноември и сега имаат тесно мнозинство од 222 наспроти 212 гласови.

За да биде реизбрана, демократката од Калифорнија мораше да ги надмине околностите во кои некои демократи негодуваа за нејзината „долговечност“ на функцијата, малата предност на демократите пред републиканците во тој дом по изборите во ноември и неколку отсутни лица поради коронавирусот.

Има две испразнети места во Претставничкиот дом со 435 члена, но што и да се случи демократите ќе имаат најмало мнозинство во тој дом во последните две децении.

Новиот состав на Конгресот се состана синоќа, два дена откако претставниците ја завршија претходната контроверзна седница и беа почитувани безбедносните упатства за вирусот, за кои е потребно тестирање и носење маски за членовите на Долниот дом.