Необични обвинувања од Бразил: Леонардо Ди Каприо е одговорен за пожарите во Амазон?

14

Ова сомнително обвинение, за кое претседателот на Бразил не даде никаков доказ, доаѓа 24 часа откако Болсонаро уште еднаш неосновано тврдеше во обраќање преку Фејсбук дека Леонардо Ди Каприо подметнување на пожари во шумата во Амазон и работи на кампања против Бразил.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро го обвини глумецот и екологист Леонардно Ди Каприо дека го финансирал подметнувањето на пожарите во шумите на Амазон, пренесе британски „Гардијан“.

Десничарот Болсонаро, кој вети дека од Бразил ќе ги избрка еколошките невладини органиазии, вчера пред своите поддржувачи рече: „Леонардо Ди Каприо е кул типче, зар не? Дава пари за горење на амазонските шуми“.

Ова сомнително обвинение, за кое претседателот на Бразил не даде никаков доказ, доаѓа 24 часа откако Болсонаро уште еднаш неосновано тврдеше во обраќање преку Фејсбук дека Леонардо Ди Каприо подметнување на пожари во шумата во Амазон и работи на кампања против Бразил.

Неоснованите обвиненија на Болсонаро се поврзуваат со контроверзното апсење во вторникот на четири пожарникари-доброволци, кои полицијата ги обвини, според „Гардијан“ исто така без докази, дека ја палеле шумата за потоа да собираат поголеми средства од меѓународна невладина организација.

Во четвртокот, синот на бразилскиот претседател, Едуардо Болсонаро, на Твитер тврдеше дека Ди Каприо донирал 300.000 долари за невладината која ги подметнува пожарите во Амазонот и ја обвини групата WWF дека ѝ платила на невладината 13.000 фунти за фотографии од шумата која гори.

На неоснованите обвиненија на Болсонаро реагираа и опозициските конгресмени. Иван Валенте на Твитер напиша: „Делириумот на Болсонаро нема граници. Обвинувањата дека Леонардо Ди Каприо плаќа за да се горат шумите во Амазонија е патетично. Но нивните очигледни лаги откриваат многу“.