Нетанјаху: Израел заедно со САД ќе одговори жестоко на евентуален напад

5

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди денес дека Израел ќе реагира жестоко на каков било напад и рече дека тој стои цврсто покрај Соединетите Држави и го поддржува убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.

„Кој ќе се обиде да нè нападне, ќе добие најсилен удар“, рече Нетанјаху во Ерусалим.

Тој истакна дека Израел силно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека треба да му се честита за неговата брза, смела и одлучна одлука за Иран.

Иран претходно се закани дека ќе ги бомбардира Хаифа во Израел и Дубаи, доколку САД се одмаздат за иранскиот ракетен напад врз две бази со американски трупи во Ирак.