Нетанјаху: Хамас треба да разбере дека Израел нема да потклекне под меѓународниот притисок

3

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека откажувањето на овонеделната планирана посета на Вашингтон од страна на високи израелски функционери е порака до Хамас.

Тој истакна дека откажувањето на посетата е со цел да му покаже на Хамас дека Израел нема да потклекне пред зголемениот меѓународен притисок за прекин на огнот во Појасот Газа.

– Тоа беше порака пред сè до Хамас: Не се обложувајте на овој притисок, нема да успее, наведе Нетанјаху во видео коментарот на средбата со американскиот сенатор Рик Скот, кој е во посета на Израел.