Си: Ограничувањето на пристапот до високата технологија нема да го спречи напредокот на Кина

4

Кинескиот претседател Си Џинпинг на денешната средба со холандскиот премиер Марк Руте во Пекинг, истакна дека сите обиди на Западот да го ограничи пристапот до технологијата нема да успеат да го запрат напредокот на Кина.

Холандија минатата година наметна услови за извозни дозволи за продажба на машини што можат да направат напредни процесорски чипови. Овој потег уследи откако САД го блокираа кинескиот пристап до напредни чипови и опрема за нивно производство, наведувајќи безбедносни причини, и ги повикаа своите сојузници да го сторат истото.

Холандската компанија „АСМЛ“ е единствениот светски производител на машини кои користат екстремна ултравиолетова литографија за производство на напредни полупроводници. Кина стана вториот најголем пазар на „АСМЛ“ во 2023 година, со 29 отсто од приходите бидејќи кинеските компании купуваа опрема пред да стапи во сила условот за лиценцирање.

„АСМЛ“ неодамна се закани дека ќе ја напушти Холандија поради антиимиграциските политики.

Си и Руте ќе разговараат и за НАТО и за неговата сè поголема поврзаност со Азија. Руте е еден од кандидатите за генерален секретар на Алијансата, која Кина ја критикува за поттикнување на регионалните тензии и продор во азиско-пацифичкиот регион