Нефи Усеини и брат му понудиле парична гаранција за да излезат од притвор

23

Охридскиот советник од ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат понудиле вкупно 20 илјади евра гара ција за д аизлезат од пртивор или мерката да биде заменета со домашен притвор или друга поблага мерка, јави Телма.

Адвокатот на браќата Усеини ја потврдил информацијата на телевизијата.

Засега, охридскиот суд нема соопштено детали дали и кога ќе одлучат, а претседателот на судот Васил Баткоски за Телма рекол дека станува збор за тековен случај и дека законските рокови ќе бидат испочитувани.

Браќата Усеини вчера сами се пирјавиле во затворот во Охрид, откако претходно шест дена беа во бегство. Судот им одреди притвор за инцидентот пред познат хотел во Охрид, во кој бил нападнат Спиро Топалкоски.

Топалоски во полиција пријавил дека врз него бил извршен физички напад, како и дека биле упатувани закани кон него и кон неговиот малолетен син со огнено оружје од страна на Усеини и уште неколку лица.

Но, додека тие беа во бегство, тој излезе со друга изјава во која рече дека написите што излегоа во јавноста се извадени од контекст. Топалоски изјави дека во расправијата не видел оружје, дека се работи за недоразбирање кое е надминато и дека Усеини бил и ќе биде негов пријател.

Браќата се осомничени за кривични дела насилство и неовластено држење оружје или распрскувачки материјали.