Нефи Усеини се предал во затворот во Охрид заедно со брат му

89

Охридскиот советник од ДУИ Нефи Усеини од претпладнево е во затворот во Охрид откако му е определена мерка од 8-дневен притвор за нападот врз Спиро Топалкоски.

Усеини беше недостапен и во бегство 6 дена по определувањето на притворот. Обвинителството го истражува нападот под сомнение за две кривични дела, „насилство“ и „недозволено држење и поседување оружје“. Осомничен за нападот врз Топалковски е и братот на советникот Усеини.

И од СВР Охрид и од затворот во Охрид, за Телма потврдија дека Усеини и брат му сами дошле во затворот и веќе се сместени во притворското одделени по решение на судот. Досега од нив двајцата не е земена изјава за инцидентот.

Топалковски првин тврдеше дека е нападнат и удиран со пиштол, но потоа преку адвокат го промени мислењето и изјавата тврдејќи дека не видел пиштол, дека е пријател со Усеини и дека советникот го напаѓаат од политички причини.

За нападот постојат и снимки од безбедносни камери каде според информации од истрагата се гледа и оружје кое служело при нападот во едн охридски хотел.