Заев: Три милиони евра во македонски и осум во италијански банки се запленети од перење пари со дијализите

20

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција пред Собранието, претставувајќи ги 19-те министри пред да го поднесе предлогот за гласање на нова влада, рече дека во моментов се запленети 11 милиони евра од перење пари преку дијализните центри во Македонија.

„Три милиони евра се запленети во нашите банки и осум милиони евра во италијански банки, и тие ќе завршат во бројчаникот. Но за тоа колку пари ќе се врата во буџетот не зависи од Владата, туку од разрешницата во судските постапки“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека 18 милиони евра од случајот со „Трансмет“ се oчекува да бидат, како што вели, буџетирани средства, додека Финансиска полиција веќе обезбедила еден милион евра од заплена на имот – пари кои треба да и припаднат на државата.