“Не беше привилегиран Орце Камчев, ниту пак паѓавме во несвест од него”, рече Катица

„Не беше привилигран Орце Камчев, ниту беше нешто да паѓаме во несевест за него како некои“, рече Катица Јанева во судница.

60

Таа истакна дека го дала предметот да го води Лиле Стефанова, и дека таа побарала ПИ мерки. Катица Јанева рече дека ја поддржала во тоа, и дека од судијката Димишкова добила дозвола за ПИ мерки.

„Камчев кога дојде тука рече дека од август знае за ПИ мерки од Васил Димишков, лице кое не го познавам, ниту пак беше повикан тука да даде исказ“, рече Јанева.