Никола Јокиќ го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА!

0

Никола Јокиќ кој две години по ред ја освои МВП наградата во НБА лигата го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА.

Новиот петгодишен договор на Јокиќ е вреден 264 милиони долари и ќе се активира од сезоната 2023/2024. Во првата година Јокиќ ќе заработи 46.55 милиони долари, а потоа секоја година ќе следи покачување за 8%. Во последната година од договорот српскиот кошаркар ќе добие 63.33 милиони долари.

Исто така во договорот има и трејд клазула од која Јокиќ би можел дополнително да инкасира пари во согласност со процентите кои се пресметуваат на основа на траењето на договорот.