Нова книга „Естетика“ на Иван Џепароски

47

Деновиве во издание на „Аз-Буки“ од Скопје во рамките на едицијата „филозофски дисциплини“ излезе од печат книгата „Естетика: естетички категории“ на филозофот, естетичарот, теоретичарот на културата и поетот Иван Џепароски Тој е автор на голем број филозофски и книжевни дела, а за своето творештво има добиено голем број награди, меѓу кои и „Млад борец“, „Димитар Митрев“, „Григор Прличев“, „Браќа Миладиновци“ и др. Работи на Филозофскиот факултет во Скопје како редовен професор по Естетика и Филозофија на културата. Бил и е раководител на Институтот по филозофија (2004-2009; 2013-2020) и секретар на Македонскиот П.Е.Н. Центар (1999-2001; 2008-2014). Некои од неговите есеи, како и поезијата, се преведени на над дваесет странски јазици во светот а неговата антологија „Македонскиот есеј“ преведена е на англиски, француски, германски, руски, шпански и на кинески јазик, додека книгата „Уметничкото дело“ на албански јазик.a