Новиот вид на коронавирус досега потврден во најмалку 20 земји и територии во светот

6

Индија е најновата земја на листата која пријави случај на новиот вид на коронавирус, кој првично се појави во Велика Британија.

Досега најмалку 20 други држави и територии, исто така, пријавија дека кај нив е потврдено присуството на мутацијата.

Во Европа, новиот вид на вирусот е потврден во Холандија, Данска, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија, Шведска, Финска, Ирска, Германија, Исланд и Белгија.

Во останатите делови од светот, тоа се Канада, Јапонија, Сингапур, Хонгконг, Јужна Кореја, Австралија, Израел и Либан.

Директорот на „Бионтек“ во Германија смета дека вакцината што оваа компанија ја произведе со „Фајзер“ ќе биде ефикасна и против мутациите, бидејќи промените се само во 1 отсто од протеинот.