Нови 185 заразени од коронавирус, 11 починати во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на ковид-19 и тоа: во Скопје-96, Куманово-2, Дебар-18, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-20, Велес-2, Битола-2, Охрид-7, Кавадарци-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-8.

117

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 41 оздравен пациент од: Скопје-29, Куманово-1, Штип-4, Тетово-2, Велес-4, Гостивар-1. Починати се 11 лица, осум од Скопје, еден пациент од Куманово, еден од Штип и еден од Тетово.

Со последните податоци, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5005, бројката на оздравени пациенти е 1904, на починати е 233, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2868.