Нови 9 заразени со Ковид 19 – нема починати

3

Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 4, Тетово – 4 и Кичево – 1.

Регистрирани сe 53 оздравени пациенти од: Скопје – 17, Тетово и Охрид – по 9, Кичево – 8, Битола, Прилеп и Кавадарци – по 2 и Куманово, Гостивар, Струмица и Дебар – по 1.

Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 932.513 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.931, бројката на оздравени пациенти е 150.223, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 221.