Ново обраќање на Зеленски: Чекам средба со Путин

1

Тој наведен дека разговорите меѓу двете земји се одржуваат секојдневно преку видео конференција и дека се потребни разговори за воспоставување прекин на огнот и повеќе хуманитарни коридори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ќе ги продолжи преговорите со Русија и дека чека средба со рускиот претседател Владимир Путин.

За време на ноќното обраќање до нацијата, Зеленски рече дека неговата делегација има „јасна задача“ да направи се што може за да обезбеди средба меѓу двајцата претседатели, пренесува агенцијата АП.

– Мора да сфатат дека тоа е комплицирана приказна, како и тежок, но крајно неопходен пат – рече Зеленски.

Тој наведе дека разговорите меѓу двете земји се одржуваат секојдневно преку видео-конференција и дека се неопходни разговори за воспоставување прекин на огнот и повеќе хуманитарни коридори.

Според него, постојните коридори за шест дена спасиле повеќе од 130.000 луѓе.

– Претставниците на украинската и руската делегација мора да договорат средба меѓу претседателите на двете земји за време на нивните претстојни преговори – рече Зеленски.

– Нашата цел е Украина во текот на оваа борба и овој тежок преговарачки процес да го добие потребниот резултат, кој е неопходен за сите нас, за мирот и безбедноста и да имаме нормални и ефикасни гаранции – рече Зеленски.

Дејвид Арахами, член на украинската делегација, претходно изјави дека утринава ќе започне нова рунда преговори меѓу двете делегации, а таа ќе биде во онлајн формат со почеток во 10:30 часот по локално време.