Ново рочиште за организаторите на 27 април

7

Во Кривичен суд денеска треба да се одржи рочиште за организаторите на настаните од 27 април и упадот во Собранието. Минатото прво рочиште беше одложено бидејќи одбраната на обвинетите бараше увид во доказите.

За организатори на настаните од 27 април се обвинети Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

Според обвинителството, на почетокот од 2017 година по неуспешните преговори за формирање влада, обвинетите подготвиле и реализирале план за упад во Собранието за да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.

Рочиштето почнува во 11 часот.