Обвинителството ги повика Заев, Радникот и Костовски да сведочат за „Монструм“

52

Покрај Заев, на барањето на обвинителството повикани да сведочат се и Звонко Костовски, Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски Радникот.

Бившиот премиер Зоран Заев на барање на обвинителството и родителите на убиените момчиња од случајот „Монструм“ е повикан да сведочи во однос на неговите информации за предметот.

Покрај Заев, на барањето на обвинителството повикани да сведочат се и Звонко Костовски, Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски Радникот.

Звонко Костовски е повикан заради начинот на кои се предадени бомбите од УБК до СЈО, а Трајковски заради телефонските разговори кои беа слушнати во судницата, на кои зборува тој.