Одбиено барањето на Катица Јанева за апанажа

7

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска го отфрли барањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за добивање апанажа.

Одлуката на Комисијата беше донесена едногласно, а членовите се согласија дека барањето на Јанева за апанажа било дрскост, додавајќи дека треба сепак да се почитува правото на пресумпција на невиност.