Односите со Бугарија се смирени, провокациите се минимални, вели Бојан Маричиќ

0

Вицепремиерот за европски прашања вели дека треба да бидеме задоволни од посетата на шефот на европската дипломатија на Скопје, иако тој вети само волја, но не и датум за преговори за Македонија.

„Треба да сме задоволни од посетата на Борел, бидејќи таа посета дојде во еден тежок момент и целта така, како што нам ни беше пренесено ЕУ да покаже внимание кон државите од Западен Балкан и да се заблагодари особено на Македонија и Албанија за поддршката што ја дадовме во однос на Украина и се приклучивме кон санкциите“, рече Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ коментирајќи ја посетата на Жозеп Борел.

Маричиќ очекува веднаш кога ќе завршеле преговорите со Бугарија да почнат преговорите.„Нам не ни требаат ветувања, затоа што досега сме имале безброј ветувања“, потребно е да се ефектуираат препораките на Европската комисија „кога ќе завршат разногласијата со Бугарија“.

Тој рече дека уште премиерот Димитар Ковачевски за време на неговата посета на Брисел го покренал прашањате за европска помош поради тоа што се приклучивме целосно на санкциите спрема Русија и очекува европска помош.

Коментирајќи го нивото на односите со Софија, тој оцени дека тие сега смирени.

„Односите со Бугарија се смирени, провокациите се сведени на минимум. Генерално не постои негативна комуникација помеѓу двете влади, Тоа значи дека новиот пристап даде резултати и дека успеавме да ја нормализираме комуникацијата таа да се одвива на повеќе нивота“, вели Маричиќ.