Од денеска до петок ќе се исплаќаат јулските пензии

25

Од денеска почнува исплатата на јулските пензии, информира Министерството за труд и социјална политика.

Како и во претходните месеци откако почна пандемијата со корона вирусот, и оваа пензија за пензионерите кои не користат картичка, банките ќе ја реализираат во четири групи.

Денеска ќе се исплаќаат пензиите со висина до 11 илјади денари.

Утре , пензиите од 11 илјади и еден денар до 14 илјади денари.

Во четврток , ќе се исплаќаат пензиите во висина од 14 илјади и еден денар до 18 илјади денари.

И во петок ќе се врши исплата на пензиите над 18 илјади денари, соопштуваат од министерството за труд и социјална политика.

Пензионерите кои користат картичка, средствата од пензијата им се достапни од денеска.