Од коронавирус почина Мирослав Туѓман, хрватски пратеник и син на Фрањо Туѓман

52

Мирослав Туѓман, синот на поранешниот претседател Фањо Туѓман и актуелен пратеник во хрватското собрание, почина синоќа како последици од ковид-19.

Туѓман бил хоспитализиран уште на почетокот на годината поради компилкации со вирусот. Хрватските медиуми јавуваа дека прво бил приклучен на кислород, а потоа и на респиратор.

Мирослав Туѓман е настариот син на Фрањо Туѓман, првиот претседател на независна Хрватска.

Мирослав е роден во 1946 година во Белград.