Од нас зависи

28

Со стотици милиони луѓе што моментално се изолираат ширум светот, новата пандемија на коронавирус стана вистински феномен. Иако геополитичките импликации треба да се сметаат за споредни во однос на прашањата за здравјето и безбедноста, тие импликации може, на долг рок, да се покажат како последични – особено кога станува збор за глобалната позиција на Европската унија како глобален играч и со тоа иднината на земјите од Западен Балкан. Сепак, покрај државната политика спречувањето на вирусот предоминантно зависи од нас самите. Дали ќе бидеме совесни граѓани и ќе придонесеме кон спречување на заразата или ќе бидеме КОВИДиоти и намерно ќе се доведуваме самите себе и нашите најблиски во ризик е на нас. Од друга страна чудно е зошто ваква непослушност немаше во времето на диктатура, каде се донесуваа закони постаршни од полицискиот час, со кои се ограничуваа правата на граѓаните!? Но пред да дадеме конкретен одговор, ајде да поченеме од почеток.

Грешки

По непосредна последица од избувнувањето на новиот коронавирус COVID-19, погрешните чекори на Кина, остатокот од светот го чинеа скапо. Вирусот за прв пат е откриен во ноември 2019 година во градот Вухан, но официјалните власти не го обелоденија со месеци, па дури и ги казнија лекарите кои први го пријавиле, притоа не користејќи го драгоценото време за едукација на јавноста, рестрикции во патувања и обезбедување на медицински материјал за тестирање. Дури и кога кризата со вирусот ескалираше, Пекинг строго ги контролираше информациите, ја избегнуваше помошта од американскиот CDC и го ограничи патувањето на експерти од Светската здравствена организација за Вухан. Бидејќи кризата се влошуваше во јануари и февруари, некои набудувачи шпекулираа дека коронавирусот може дури и да го поткопа раководството на кинеската комунистичка партија. Се отиде до таму што целосниот инцидент се неркуваше викаше кинески „Чернобил“. Д-р Ли Венлианг – младиот укажувач или whistleblower кој подоцна беше замолчен од властите и подлегна на компликации од СОVID-19 – беше споредуван во кинеските медиуми со „човекот тенк“ на плоштадот Тијананмен. И покрај тоа што животот во Кина допрва треба да се врати во нормала (и покрај постојаните сомнежи за точноста на статистиката на заболени во Кина), Пекинг работи да ги претвори овие рани знаци на успех во уште поголем наратив за да се емитува во остатокот од светот – оној што ја прави Кина уште посуштински играч во напредокот на глобалното закрепнување, односно се за да се замачкува со претходното лошо менаџирање со кризата. Од другата страна на атлантикот, САД ефективно се справува со кризата, но нивниот кризен одговор не е приближно ефективен ниту пак ефикасен во споредба со нивното справување со епидемијата за со Ебола во 2014 година, каде Соединетите држави етаблираа и водеа коалиција од десетици земји за да се спротивстават на ширењето на болеста во 2014 година. Во тој сегмент силен одговор и координација недостасува и е неопходна. Особено координацијата со Европските сојузници – како на пример недостатокот на официјално предупредување на пред да се воведе забрана за патување од Европа.

Европска (не)ефективност

Италија, Шпанија, Франција како и повеќето од земјите на Западен Балкан се веќе во вонредна состојба. Училиштата и универзитетите се затворени, прекинати се фудбалски игри, а посетите на ресторани се забранети во услови на брзо ширење на вирусот во земјата. Само на маркетите и аптеките им е дозволено да останат отворени, а дозволено е само апсолутно неопходно патување. Несериозноста и ноншалантниот пристап на граѓаните доведе до брзото ширење на вирусот во Европа. Секако овој инцидент беше перцепиран како „Кинески инцидент“ и далеку од Европските брегови. Откако вирусот првично беше детектиран во Италија, слабиот, некоординиран и бавен одговор на европските власти доведе до брзо ширење на истиот. Меѓутоа темната дамка на европската солидарност е токму односот помеѓу земјите членки во случаи на криза. Иако Италија побара помош од Механизмот за цивилна заштита на Унијата, таа помош не пристигна. Недостаток на солидарност на земјите на ЕУ со италијанците укажува на поголем проблем: Што би правеле европските земји доколку една од нив се соочи со уште поголема криза?

Нешто налик на Национален кризен штаб или Nacionalni krizni stozer во Хрватска, ЕУ го има Механизмот за цивилна заштита на Унијата, кој е име за кризниот центар на ЕУ – Центарот за координација на одговор при итни случаи. Негова работа е да ги следи природните и вештачките катастрофи и кога една земја-членка на ЕУ веќе не може сама да се справи со криза, може да се обрати кон кризниот центар кој ја проследува жалбата до другите земји-членки, кои потоа можат да пружат помош, која секкао се надоместува. Минатиот месец, кога КОВИД-19 започна брзо да се шири во Италија, земјата апелираше за помош преку Центарот за координација за итни случаи. Досега ниту една земја-членка на ЕУ не ги испратила потребните медицински материјали на Италија. Тоа е трагично за земја со 21157 коронавирусни инфекции и 1.441 смртни случаи од 14 март, како и медицински персонал кој работи под сериозен недостиг на снабдување. Да бидеме на чисто, сите власти треба да бидат сигурни дека имаат доволно резерви за сопствените болници, пациенти и медицински персонал. Но, ниту една европска земја не страда оддалеку лошо како Италија и Шпанија. Меѓувремено таа празнина ја пополни Кина, како делумен спасител и секако за соодветна цена. Меѓутоа Италија веќе има вкус на недостаток на европска солидарност, односно за време на бегалската криза во 2015 година кога пристигнаа околу 1,7 милиони луѓе на територијата на ЕУ, претежно во Италија и Грција (со најчестите дестинации Германија и Шведска). Дури и во 2017 година некои земји-членки на ЕУ сè уште одбиваа да ги прифатат бегалците согласно шемата на солидарност. Компаративно, коронавирусната криза е слична на бегалската криза: Земјите што не се засегнати директно, не се подготвени да помогнат. Меѓутоа позитивната страна од сето ова е што ЕУ одлучува на доста комплексен начин. Транспарентноста кон граѓаните во процесот на одлучување на ЕУ, е предуслов за зајакнување на демократските капаитети на Унијата и нејзините институции. Европските граѓани не се глупави. Дури и ако тие не знаат што точно се случува зад затворените врати во европските тела за донесување одлуки, тие самоиницијативно помагаат со донации и волонтеризам за засегнатите подрачја. Иако владите во ЕУ немаат соодветен одговор за кризата, граѓаните имаат. Солидарноста меѓу граѓаните во Европа е токму браникот на солидарноста, а не интер-владината соработка.

Кај нас

Справувањето со КОВИД 19 на Западен Балкан започна балкански, односно хаотично, деспотски, неинформирано и со ширење на лажни вести. Во недостиг на кооридинација, секоја држава презеде различни чекори кои беа во принцип идиотски. Без воедначен систем на информации за отворени/затворени граници, зелен коридор за транзит на возила, преземени мерки и недостиг на објаснување за значењето на зборовите „карантин“, „изолација“ и „самоизолација“ се најдоа многу државјани од земјите на Западен Балкан кои патуваа во странство минатите недели. Пример, албанскиот премиер Рама во оваа смисла се глупира со објавување на одлуките за затворање на границите со соседните држави на Фејсбук, наместо на официјалниот сајт на МВР и МНР. Србија, традионално српски, унилатерално ги затвори границите за нејзини државјани и за државјани кои се во транзит, без предупредување или објаснување, како и испрати војска и на така преполните белградски улици. Црна Гора и Косово, унилатерално ги затворија сите граници без предупредување или допонителни информации за транзит на патници и останаа на тоа. Хрватска и Словенија во оваа смисла навреме раегираа во справувањето со пандемијата од вирусот, овозможувајќи информации на патници и можни коридори за транзит на патници кои транзитираат. Кај нас, за пофалба е исклучиво министерот Венко Филипче, кој со ограничените ресурси на министерството и справувањето со делумно тенденциозните новинарски прашања успеа до некој степен да го спречи ширењето на вирусот и да ја подигне свеста кај јавноста. Другите ресори само се шлепаат на имиџот на министерството за здравство, без некои конкретни стратегии. Во принцип не треба да измислуваат топла вода, туку да ги следат чекорите од Хрватска и Словенија во однос на фикалните и економските политики во државата.

Меѓутоа главниот феномен на некултурата во почитувањето на правилата за време на пандемија и несолидарноста со преголем конзумеризам од страна на општата јавност на балканот и кај нас се без преседан. Оваа не е партиска пропаганда ниту пак лажни вести – ова е сериозна закана за нашиот живот. Почитувањето на мерките навистина спасува живот. Кон ова се надоврзува ниската политичка свест кај опозицијата, како и ширењето на лажни вести кои се креираат за да се искриви сликата на реалноста за сметка на валкан политички профит. Навистина е време заедно да се соочиме со предизвикот и да помагаме на граѓаните кои се на маргините на општеството.

На крајот, коронавирусот дури може да послужи како повик за будење, поттикнувајќи го напредокот на други глобални и локални предизвици за кои е потребна соработка. Тука ги ставам и климатските промени. Несериозноста кон вирусот, непостапувањето по мерките и страшната недисциплина доведува до бизарни ситуации, во кои се прашуваме каде е нашата хуманост? Добро е што нашите приоритети се воедначени, чистата задница ни е побитна од превенцијата на вирусот. Меѓутоа по кризата секако ќе ја научиме нашата лекција за солидарност и човечност. Сметам дека од друга страна ќе направи преседан на соработка според кој, ниту еден граѓанин кој за време на криза сака да се врати дома, нема да биде заборавен, неимформиран или делумно информиран.

М-р Андреј Божиновски

Правен советник