“Од одговорност не бегам, но после истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка“, кажа Филипче

19

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција кажа дека оставка во моментов нема да поднесе, и дека ќе чека да заврши истрагата.

„На многу медиуми и поединци имаше повик за моја оставка. Дозволете да кажам дека од одговорност не бегам, ниту бегам, но ќе чекам да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџериње на дел од кризата, посбено околу пациентите во тетото, и дека апсолутно после завшрувањето на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина е тешко да се опише со зборови болката која ја чувствувам, сочувствувам со семејствата на сите загинати.“, изјави Филипче.