Од утре Викенд без ДДВ: Сметките треба да се скенираат за три дена

68

Од утре треба да почне Викендот без ДДВ и да трае во следните три дена односно на 10, 11 и 12 октомври. Сепак за да се реализира измените на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка треба да поминат во Собрание. Пратениците од власта и од опозицијата вчера дебатираа по оваа точка и разменија остри тонови за проектот. Додека власта вели дека ова е за целосен бенефит на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека Викендот без ДДВ е само за тиекои имаат паметни телефони и кои скенираат сметки. Сепак ВМРО-ДПМНЕ најверојатно ќе ги поддржи измените.

Со овој предлог закон се врши поттикнување на продажбата на домашните производи и услуги како и зголемената дигиталиација на нашето опшство. Со предложената мерка ќе се поттикне потрошувачка и раст на приходите во одредени продажни сектори а воендно ќе има и директен бенефит за граѓанте како крајно потрошувачи, рече заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски.

Фактор веќе пишуваше дека според Законот државата ќе ви го врати целиот Данок на додадена вредност што сте го платиле за време на продолжениот „Викенд без ДДВ“ и тоа во рок од 15 дена од скенирањето на сметките. Од друга страна сите сметки кои ќе ги соберете во тие три дена имате рок да ги скенирате само најкасно три дена по издавањето на сметката.